• вторник, 24 декември 2024

Британците проценуваат дека во февруари загинаа најмногу руски војници од почетокот на војната во Украина

Британците проценуваат дека во февруари загинаа најмногу руски војници од почетокот на војната во Украина

Лондон, 3 март 2024 (МИА) – Во февруари дневно се убиени или повредени најмногу руски војници од почетокот на руската инвазија на Украина, пред повеќе од две години, покажаа најновите британски проценки. 

Британското Министерство за одбрана во својот најнов дневен разузнавачки преглед за војната во Украина, што беше објавен денеска, проценува дека дневниот број на загинати руски војници во февруари изнесува 983.

Во извештајот се наведува дека досега се убиени или повредени вкупно над 355.000 руски војници. 

„Иако скап во смисла на загуба на човечки животи, резултатот го зголеми притисокот врз украинските позиции долж линијата на фронтот“, соопшти британското Министерство за одбрана.

Министерството во Лондон секојдневно ги ажурира податоците за војната од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година. 

Москва ја обвинува Британија за ширење дезинформации. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан