Британските судии се повлекуваат од Врховниот суд на Хонгконг
- Врховниот суд на Обединетото кралство денеска соопшти дека конечно ги повлекува своите судии од Апелацискиот суд на Хонгконг, поради несогласување со кинескиот закон за национална безбедност.

Лондон, 30 март 2022 (МИА) - Врховниот суд на Обединетото кралство денеска соопшти дека конечно ги повлекува своите судии од Апелацискиот суд на Хонгконг, поради несогласување со кинескиот закон за национална безбедност.
- Судиите од Врховниот суд не можат да продолжат да заседаваат во Хонгконг, без да е јасно, дека ја поддржуваат администрацијата, што отстапува од вредностите на политичката слобода и слободата на изразување, изјави претседателот на Врховниот суд, Роберт Рид. бд/гт/