• вторник, 24 декември 2024

Британските власти ги демантираат обвинувањата на Макрон

Британските власти ги демантираат обвинувањата на Макрон
Лондон, 2 февруари 2022 (МИА) - Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател денеска ги отфрли обвинувањата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Велика Британија е „морално одговорна за смртта на мигранти, кои се обиделе илегално да го преминат Ламанш“. - Забелешките на Макрон се погрешни, тие се целосно погрешни, изјави Пател пред Парламентарната комисија. Таа додаде дека нелегалните преминувања на Ламанш се редовна тема на тензии помеѓу Париз и Лондон. Повеќе од 51.000 мигранти се обиделе да го преминат Ламанш минатата година, а 28.000 успеале да стигнат до британскиот брег. Макрон им забележува на Британците што одбија да воведат легални начини за влез на мигрантите во нивната земја. - Моралната одговорност за оние што исчезнуваат во морето не е на Франција, туку на Велика Британија, која одбива да одговори на тоа прашање, истакна Макрон. ми/

Остани поврзан