• сабота, 23 ноември 2024

Британскиот десничар Фараж го осуди својот активист за коментарите за мигрантите

Британскиот десничар Фараж го осуди својот активист за коментарите за мигрантите

Лондон, 28 јуни 2024 (МИА) - Британскиот десничарски политичар Најџел Фараж денеска го осуди активистот на неговата Реформска партија кој предложи мигрантите кои го минуваат Ла Манш со брод да се користат како мета за воени регрути.

Партискиот активист Ендрју Паркер им предложил на армиските регрути „само да пукаат“ во мигрантите кои пристигнуваат на плажите, што тајно го снимил репортер од Канал 4, пренесуваат американските медиуми.

Паркер на расна основа го малтретирал и премиерот Риши Сунак, кој има индиско потекло.

Друг активист го нарече знамето на гордоста на ЛГБТ „дегенерирано“. Реформската партија објави дека ги прекинала врските со двајцата активисти.

Фараж рече дека е „згрозен“ од коментарите и некои од нив ги нарече одвратни.

-Ужасните чувства што некои ги изразија во овие забелешки немаат никаква врска со моите ставови, ставовите на огромното мнозинство наши поддржувачи или партијата, рече тој во изјавата.

Фараж, десничарски популист и сојузник на Доналд Трамп, ја потресе предизборната кампања во Британија кога ја објави својата кандидатура на почетокот на јуни. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан