• сабота, 23 ноември 2024

Британска веганска компанија нуди 50.000 фунти за тримесечен пост

Британска веганска компанија нуди 50.000 фунти за тримесечен пост
Лондон, 13 јануари 2021 (МИА) - Веганска компанија му нуди на „најголемиот месојадец во Велика Британија“ можност да заработи 50.000 фунти (околу 56.140 евра), доколку стане веган на три месеци. Имено, „Вибрант веган“ неодамна објави дека бара „вегански љубопитен координатор“, т.е. - „тврдокорен месојадец“ кој е подготвен да живее без месо најмалку три месеци. Избраното лице ќе мора да потпише договор со кој ќе вети дека нема да консумира храна од животинско потекло и тие три месеци да ги охрабрува другите преку социјалните мрежи да пробаат веганизам. Доколку се држи до договорот, тој или таа ќе заработи 50 илјади фунти. Идејата е инспирирана од истражување спроведено на 15.000 месојадци, во кое 34 отсто од испитаниците признале дека се „љубопитни околу веганството“. Заинтересираните се пријавуваат на овој линк. Победникот на конкурсот ќе биде прогласен на 25 јануари, а предизвикот за него / неа, почнува на 1 февруари. Доколку успее да го издржи тримесечниот пост, кандидатот ќе добие понуда да остане веган цела година.Вибрант веган“ во тој случчај ќе му обезбеди вегански оброци во вредност од 100.000 фунти, под услов да води секојдневен дневник за своите оброци на социјалните мрежи.  си/сд/

Остани поврзан