Британската министерка за надворешни работи патува за Вашингтон на разговори за Украина
- Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер денеска ќе отпатува за Вашингтон на разговори со нејзиниот американски колега Марко Рубио, јави Би-Би-Си.
Лондон, 8 декември 2025 (МИА) – Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер денеска ќе отпатува за Вашингтон на разговори со нејзиниот американски колега Марко Рубио, јави Би-Би-Си.
Се очекува разговорите да се фокусираат на напорите да се обезбеди крај на војната во Украина, како и на соработката меѓу Велика Британија и САД во областа на глобалната безбедност и прекинот на огнот во Појасот Газа.
- Велика Британија и САД повторно ќе ја потврдат својата посветеност за постигнување мировен договор во Украина, соопшти британското Министерство за надворешни работи.
Оваа посета доаѓа неколку дена откако Лондон најави дополнителни 10 милиони фунти помош за Украина, наменети за поправка на енергетската инфраструктура. јт/
Фото: ЕПА