• среда, 25 декември 2024

Британската министерка за внатрешни работи разрешена од функцијата

Британската министерка за внатрешни работи разрешена од функцијата

Лондон, 13 ноември 2023 (МИА) - Британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман е разрешена од функцијата, откако премиерот Риши Сунак презеде акција по нејзиниот неовластен напис во кој го критикуваше начинот на кој беа контролирани пропалестинските протести, наведува извор од кабинетот на премиерот.

Изворот рече дека Сунак „побарал од Суела Браверман да ја напушти Владата и таа прифатила“, јави ДПА.

Конзервативната партија смета дека Сунак спроведува поширока реконструкција што „го зајакнува неговиот тим во Владата за да донесе долгорочни одлуки за посветла иднина“.

Како што е наведено, разрешувањето на една од водечките фигури од десната страна на партијата може да претставува тешкотии за премиерот, бидејќи тој се обидува да ја обедини неговата партија и да биде подготвена за општите избори што се очекуваат следната година.

Според британски медиуми, министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли ќе ја замени Браверман на функцијата за внатрешни работи. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан