• вторник, 24 декември 2024

Британската кралица организираше мала прослава во пресрет на 70-годишнината од нејзиното стапнување на тронот

Британската кралица организираше мала прослава во пресрет на 70-годишнината од нејзиното стапнување на тронот
Лондон, 5 февруари 2022 (МИА) - Британската кралица Елизабета Втора, покрај најавата дека во јуни официјално ќе ја прослави 70-годишнината од нејзиното владеење, и денеска славеше во својата резиденција во Сандрингам, пренесоа светските агенции. Таа таму приреди мал прием за претставници на локалната заедница и група волонтери. Меѓу гостите беше и Ангела Вуд, која посетуваше училиште за готвење во 1953 година и помогна да се создаде специјално јадење со пилешко месо и кари по повод доаѓањето на тронот на Елизабета Втора. Кралицата денеска ги пречека гостите во светло син фустан. Потоа пресече специјално подготвена торта од еден локален жител и слушаше музичка изведба од локален бенд. Утре кралицата ќе стане првиот британски монарх кој ќе ја прослави платинестата годишнина од нејзиното доаѓање на тронот. За утре не е закажана официјална церемонија на годишнината, бидејќи 95-годишната кралица ја поминува годишнината од смртта на нејзиниот сопруг во приватност.
Но, за почетокот на јуни се закажани четири дена свечености, вклучувајќи воена парада, концерт, улични прослави, масовен пикник и „натпревар во платинест пудинг“.
За одбележување на годишнината се изработени и специјални, пригодни монети. паг/
 

Остани поврзан