• четврток, 26 декември 2024

Британската влада воведе санкции за уште 30 руски бродови што помагаат во заобиколување на западните ограничувања

Британската влада воведе санкции за уште 30 руски бродови што помагаат во заобиколување на западните ограничувања

Лондон, 25 ноември 2024 (МИА) - Британската влада денеска воведе санкции против уште 30 бродови од таканаречената „фантомска флота“ што и дозволува на Русија да извезува нафта и гас преку заобиколување на западните ограничувања наметнати од почетокот на руската инвазија на Украина.

„Утрово го објавив најголемиот пакет санкции против руската фантомска флота. Тоа зборува за ангажманот на Велика Британија во однос на Украина, изјави шефот на британската дипломатија, Дејвид Лами, на средбата со неговите колеги од Г7, што се одржува во Италија.

Британските санкции сега важат за вкупно 73 бродови.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан