• среда, 25 декември 2024

Британиски „Гардијан“ објави фото на денот од фестивалот „Илинденски денови“ - Битола

Британиски „Гардијан“ објави фото на денот од фестивалот „Илинденски денови“ - Битола

Битола, 31 јули 2023 (МИА) - Британскиот медиум „Гардијан“ во рубриката фотографии на денот, во која се селектирани фотографии од целиот свет, објави фотографија од фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ кој деновиве се одржува во Битола.

Автор на фотографијата е фотограферот Огнен Теофиловски (Ognen Teofilovski/Reuters) кој фотографирал детал од подготовките пред настап на фестивалската сцена во Битола на членови од ансамблот Ballet Folklorico De Temuco од Чиле.

-Гостите од Чиле прв пат престојуваат во Битола, а на големиот македонски културен настан  учествуваат на покана на НУ Центар за култура и канцеларијата на ЦИОФФ во Северна Македонија, изјави за МИА Марсело Алварадо, директор на фолклорната група од чилеанскиот град Темуко.

Најновото 53. издание на фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ завршува вечер со доделување на признанија и награди за најдобрите учесници и ревијален настап на гостите од странство. мт/ац/

Фото: Принтскрин Гардијан/Фотограф: Огнен Теофиловски

Остани поврзан