• петок, 11 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Брис Олигуи Нгуема избран за претседател на Габон, покажуваат прелиминарните резултати од изборите

Брис Олигуи Нгуема избран за претседател на Габон, покажуваат прелиминарните резултати од изборите

Либервил, 13 април 2025 (МИА)  - Привремениот претседател на Габон Брис Клотер Олигуја Нгуема, според прелиминарните резултати, победи на претседателските избори со 90,35 гласови, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Габон. 

Најсериозниот противник на Нгуема на претседателските избори, Ален Клод Били Би Нзе, кој беше премиер на Габон под претседателот Али Бонго во времето на државниот удар, освои 3,02 отсто од гласовите, покажуваат привремените резултати, објавени од британските медиуми. 

Габон вчера ги одржа првите претседателски избори по воениот удар во 2023 година, што беше предводен од Брис Клотер Олигуја Нгуема, кој оттогаш ја извршуваше функцијата привремен претседател на земјата. 

Право на глас на изборите имаа 920.000 гласачи, меѓу кои повеќе од 28.000 во странство, кои можеа да гласаат на повеќе од 3.000 избирачки места. 

Во својата изборна кампања под слоганот „Градиме заедно“, Нгуема вети дека ќе ја диверзифицира економијата зависна од нафта и ќе ги промовира земјоделството, индустријата и туризмот во земја каде што една третина од населението живее во сиромаштија. 

На претседателските избори учествуваа вкупно осум кандидати.сд/ 

Фото:МИА архива

Остани поврзан