• понеделник, 23 декември 2024

Бреша го отпушти тренерот Филипо Инзаги

Бреша го отпушти тренерот Филипо Инзаги
Бреша, 23 март 2022 (МИА) – Раководството на Бреша, која настапува во италијанската Серија Б, на официјалната веб-страница објави за прекин на соработката со тренерот Филипо Инзаги. Четириесет и осумгодишниот Инзаги кој претходно беше тренер на Милан, Венеција, Болоња и Беневенто, ја презеде Бреша во јуни минатата година. На последните четири натпревари Бреша нема ниту една победа и се наоѓа на петтото место на табелата во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Италија. И во февруари Бреша му даде отказ на Инзаги, па следниот ден се премисли и популарниот Пипо продолжи да работи со тимот, откако се закани со тужба. Останува да видиме дали овој пат раководството на Бреша ќе остане на првичната одлука за прекин на соработката. зс/

Остани поврзан