• понеделник, 23 декември 2024

Бренд може да стане нов директор на Минесота

Бренд може да стане нов директор на Минесота
Минеаполис, 23 септември 2021 (МИА) - Елтон Бренд е најсериозниот кандидат за нов шеф на Минесота по разрешувањето на Герсон Росас од функцијата извршен директор во клубот од Минеаполис. Според инсајдерот Џејк Фишер, Бренд е миленик на новите сопственици на Тимберволс, Марк Лори и Алекс Родригез. Бренд е генерален директор на Филаделфија од 2018 година. Во мај 2021 година, Лори и Родригез го завршија купувањето на НБА-лигашот Минесота од Глен Тејлор за 1,5 милијарди долари. Во јули, Одборот на гувернери на НБА ја одобри продажбата на клубот. Според планот, клубот ќе биде целосно префрлен на Лори и Родригез во рок од 2,5 години. зс/

Остани поврзан