• среда, 09 октомври 2024

Бремер го оперираше коленото

Бремер го оперираше коленото


Торино, 8 октомври 2024 (МИА) – Централниот дефанзивец на Јувентус, Бразилецот Глеисон Бремер успешно е опериран по повредата на предните вкрстени лигаменти на левото колено, објавија денеска медицински извори.
Операцијата била извршена во приватната болница Жан Мермоз во францускиот град Лион, во присуство на медицинскиот директор на Јувентус, Лука Стефанини.
Јувентус објави дека операцијата „минала совршено“ и дека 27-годишниот играч „ќе почне со рехабилитација во наредните денови“, без да прецизира датум околу неговото враќање на теренот.
Бремер се повреди на 3 октомври на натпреварот од Лигата на шампиони против Лајпциг (3:2). Сезонава пред повредата ги одигра сите натпревари на Јувентус. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан