• вторник, 24 декември 2024

Бремена Американка го користи новиот Закон за абортус за да избегне казна за сообраќаен прекршок

Бремена Американка го користи новиот Закон за абортус за да избегне казна за сообраќаен прекршок

Далас, 12 јули 2022 (МИА) - Бремена жена од Тексас, која добила казна за возење по лента за автомобили со повеќе патници, смета дека нејзиниот фетус мора да има статус на патник и таа не треба да биде казнета.

Бренди Ботоне, 34 недели бремена, во Далас минатиот месец возела по лента за возила со најмалку две лица внатре - факт што не го оспорувала, но сепак, полицаецот ѝ пишал казна за сообраќаен прекршок. Таа сега е решена да се бори на суд. Имено, запрашана „Има ли некој друг во автомобилот?“, таа на полицаецот прво му го покажала трудничкото стомаче, а потоа му укажала и дека нејзиното неродено дете сега е личност во очите на законот, бидејќи претходно Врховниот суд на САД го укина досегашниот федерален закон којшто им гарантира на жените пристап до абортус. Дури и пред абортусот да биде забранет во цела држава минатиот месец, новиот закон во Тексас го забрани абортусот по шест недели.  си/

Остани поврзан