• среда, 20 ноември 2024

Бред Пит ново лице на компанијата „Де’Лонги“

Бред Пит ново лице на компанијата „Де’Лонги“
Лос Анџелес, 3 септември 2021 (МИА) - Оскаровецот Бред Пит тргна по стапките на својот пријател, ѕвездата на „Неспресо“ - Џорџ Клуни, потпишувајќи договор со италијанскиот производител на кафе и апарати за домаќинство, „Де’Лонги“. Оттаму го најмија Пит како нов претставник, „амбасадор“ на брендот, се вели во соопштението на компанијата. - Нашата група доживеа извонреден деловен бум во последниве години, и во таа експанзија, сегментот на еспресо машини за домаќинства ја презеде средишната улога, рече извршниот директор на компанијата, Масимо Гараваља. Акциите на „Де’Лонги“ пораснаа за 1,9 отсто на берзата во Милано кусо по објавувањето и сега изнесуваат 39,48 евра. Италијанската компанија објави дека почнале со меѓународна кампања за својот бренд за кафе, со видеоспот во режија на филмскиот режисер на „Ла-Ла Ленд“, Демијен Шазел, со Пит во главна улога. Кинематографот Лајнус Сандгрен е задолжен за уметничкиот изглед на кампањата. Музиката ја напиша Џастин Хурвиц, познат по долгогодишната соработка со Шазел. Сите тие се „оскаровци“.  си/

Остани поврзан