• среда, 28 август 2024

Брајтон плати 25 милиони фунти за холандскиот репрезентативец Вифер

Брајтон плати 25 милиони фунти за холандскиот репрезентативец Вифер


Брајтон, 6 јули 2024 (МИА) – Холандскиот фудбалски репрезентативец Матс Вифер ги напушти редовите на Феенорд и му се приклучи на Брајтон, објави денеска премиерлигашот.
Дваесетичетиригодишниот играч од средниот ред стави потпис на петгодишен договор, кој, според локалните медиуми, е во вредност од 25 милиони фунти.
„Среќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Матс во клубот, играч на чии квалитети долго време се восхитуваме. Тој има големо искуство во Лигата на шампионите и холандската Лига и се разви во еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во Европа“, рече техничкиот директор на Брајтон, Дејвид Веир.
Вифер му се приклучи на Феенорд во 2022 година, постигнувајќи девет гола на 79 натпревари за холандскиот клуб. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан