• понеделник, 26 август 2024

Братучед на пејачот Фарел Вилијамс, еден од убиените две лица во Вирџинија Бич

Братучед на пејачот Фарел Вилијамс, еден од убиените две лица во Вирџинија Бич
Вирџинија Бич, 30 март 2021 (МИА) - Донован Линч (25), братучед на познатиот афроамерикански пејач Фарел Вилијамс, е еден од убиените две лица во одделни престрелки во Вирџинија Бич, Вирџинија, САД, во петокот. Поп-пејачот синоќа ја потврди веста и повика на транспарентност, чесност и правда. „Загубата на овие животи е трагедија што не може да се мери. Мојот братучед Доновон беше убиен за време на пукањето. Сега е важно моето семејство и семејствата на другите жртви да ја добијат заслужената транспарентност, чесност и правда. Вирџинија Бич е олицетворение на надеж и издржливост и, како заедница ќе го минеме и ова и ќе излеземе уште посилни“, напиша Фарел Вилијамс споделувајќи фотографија од Линч, во траорот. На полицаецот кој пукал во Линч, како што соопштија и властите, во тој миг не му била вклучена камерата на телото. Службеното лице одговарало на повиците околу пукањата во областа. Обвинителството одговорно за градот Вирџинија Бич вети независна и брза истрага за случајот.  си/

Остани поврзан