Братот на Џорџ Флојд го осуди насилството, бара мир
- Теренс Флојд, помладиот брат на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаец во Минеаполис, повика на смирување на ситуацијата и ги осуди насилните протести што се одржуваат низ СА

Вашингтон, 1 јуни 2020 (МИА) - Теренс Флојд, помладиот брат на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаец во Минеаполис, повика на смирување на ситуацијата и ги осуди насилните протести што се одржуваат низ САД.
Флојд за Еј-Би-Си њуз изјави дека сака да се поднесе обвинение за убиство од прв степен против полицаецот Дерек Човин, кој со колено го задуши неговиот брат, како и против другите полицајци кои учествуваа во таа акција.
Тој нагласи дека неговиот постар брат се залагал за мир.
Како што истакна, многумина го опишале Џорџ Флојд како „нежен џин“.
- И јас сум огорчен. Понекогаш сум лут. Сакам да полудам, рече Теренс Флојд. јт/