• сабота, 23 ноември 2024

Брако помогна во подготовките на новиот пункт на МВР за издавање лични документи без закажување

Брако помогна во подготовките на новиот пункт на МВР за издавање лични документи без закажување

БРАКО изработи и донираше 20 паравни за позициите за фотографирање во новиот пункт за издавање лични документи, кој МВР го отвора во пресрет на рокот во февруари до кога граѓаните треба да ги заменат своите документи. БРАКО изработи 20 комплети на паравани од челични профили и исполна од лесонитни табли, целосно во мат бела боја, соодветна на потребите за фотографска позадина. Вработени на БРАКО ги монтираа параваните вчера, во пунктот во полициската станица во Кисела Вода, а дел од нив МВР ќе постави и во друг пункт.


Параваните беа изработени во рок од три дена и за таа потреба беше запрено производството во еден дел од фабриката, се со цел да се одговори на потребата на државата за брзо доопремување на пунктот и негово отворање во следните денови и да им се овозможи на граѓаните полесно и навреме да ја поминат задолжителната процедура.

Department fot Public Affairs, Media Relations, Marketing and Protocol Fero Invest DOO Skopje Boulevard Kliment Ohridski 30 Skopje Republic of North Macedonia

E-mail: press@feroinvest.mk

Phone: +389 2 5514 000

Mob: +389 75 402 786

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан