• среда, 20 ноември 2024

Бразилски Атлетико Параненсе отпушти двајца фудбалери поради местење натпревари

Бразилски Атлетико Параненсе отпушти двајца фудбалери поради местење натпревари

Рио де Женеиро, 13 мај 2023 (МИА) – Ланскиот финалист во Копа Либертадорес, бразилскиот фудбалски клуб Атлетико Параненсе, отпушти двајца свои играчи поради вмешаност во обложувачки скандал.

Причина за раскинувањето на договорите со Еквадорецот Брајан Гарсија и домашниот играч Педрињо е тоа што обајцата во замена за одреден надомест „воделе грижа“ да бидат исполнети одредени настани за време на натпреварите, кои им обезбедувале голема заработка во обложувалниците на другите инволвирани.

„Интегритетот и етиката се големи вредности на Атлетико Параненсе. Затоа сите во клубот се должни да обезбедат богатата традиција на фудбалот во Бразил да продолжи на безбеден начин“, соопшти клубот.

Изминатите неколку денови вкупно осум фудбалери од повеќе бразилски прволигашки екипи беа суспендирани поради вмешаност во местења поврзани со жолти и црвени картони, прекршоци за пенал или точен број на корнери. ег/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан