• понеделник, 23 декември 2024

Бразилските власти со план - до крајот на 2021 да бидат сите жители вакцинирани против Ковид-19

Бразилските власти со план - до крајот на 2021 да бидат сите жители вакцинирани против Ковид-19
Бразилија, 11 февруари 2021 (МИА) -  Бразил ќе ги вакцинира сите свои жители против Ковид-19 до крајот на 2021 година, објави министерот за здравство на таа држава, Еудардо Пасуело. Тој рече дека половина од населението треба да се вакцинира до јуни, а остатокот до крајот на годината. Говорејќи пред Сенатот, министерот рече дека Бразил преговара со неколку компании за набавка на вакцини, така што во еден момент во земјата ќе бидат достапни неколку вакцини од различни производители. зш/

Остани поврзан