Бразилскиот министер за здравство е болен, постои сомнеж дека има Ковид-19
- Тој има треска и ќе биде тестиран за Ковид-19.

Бразилија, 21 октомври 2020 (МИА) – Бразилскиот министер за здравство Едуардо Пазуело се разболе и постои сомнеж дека има коронавирус, соопшти Министерството.
Тој има треска и ќе биде тестиран за Ковид-19.
Пазуело во понеделникот пропушти јавен настан, а претседателот Жаир Болсонаро рече дека не се чувствува добро и оти заминал во болница.
Во меѓувреме, тој е пуштен од болница и е дома. јт/