• сабота, 27 јули 2024

Бојченко се надева дека евакуираните од Азовстал денеска ќе стигнат до Запорожје

Бојченко се надева дека евакуираните од Азовстал денеска ќе стигнат до Запорожје
Киев, 3 мај 2022 (МИА) - Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко изрази надеж дека првата колона евакуирани од урнатините на челичарницата Азовстал денеска ќе стигнат до градот Запорожје, контролиран од Украина. - Колоната се движи кон Запорожје, евакуацијата продолжува, појасни градоначалникот. Како што тој истакна, над 200 цивили останале во челичарницата Азовстал, каде се наоѓаат последните украински бранители на градот. Вкупно околу 100.000 цивили сè уште се во пристанишниот град на Азовското Море, додаде Бојченко. бд/

Остани поврзан