• понеделник, 23 декември 2024

Бојмацалиев: Обрасци за патни исправи имало и ќе има

Бојмацалиев: Обрасци за патни исправи имало и ќе има

Скопје, 24 февруари 2024 (МИА) - Обрасци за патни исправи имало, има и ќе има. Не станува збор за никаков хаос, неорганизираност, саботажа или немање обрасци, вели дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Тој во интервју за Канал 77 ги демантираше гласините дека во МВР немало организација и фалеле обрасци.

- Ако ги гледате бројките изминатите години колку била заинтересираност за промена на лични документи, а тоа доведе од целата политичка пропаганда од оние кои денес бараат пасош плус, повеќе зборувам за политичарите со Северна, ние од отпочнувањето на самиот процес, од јули 2021 со издавање на сите лични документи со Северна Македонија, сме можеле комотно да го завршиме целиот процес. Сме имале обрасци, машините биле спремни, организацијата на МВР била спремна и од јули до месец февруари 2024, сме можеле комотно 2 милиони документи да испечатиме со Република Северна Македонија. Уште еднаш потврдувам дека обрасци има, имало и ќе има. МВР била на висина на задачата и 2021, 2022 кога имало околу 50.000 граѓани, декември-јануари и кога имало 170.000 заинтересирани граѓани биле примени од страна на службите на МВР и таа услуга им била дадена, вели Бојмацалиев.

Потсети дека наредната недела се очекува да пристигнат уште 85.000 обрасци.

- Јас не кажувам дали некој лаже, јас ги кажувам фактите и бројките. На денот на примопредавањето стигаат 50.000 обрасци, подоцна 20.000, четвртокот навечер 140.000 обрасци, наредната недела стигаат 85.000 обрасци, или вкупно со тие што ќе пристигнат се 1.734.000 обрасци, потенцира Бојмацалиев. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан