• среда, 27 ноември 2024

Бојмацалиев: Нема поголеми нарушувања или инциденти

Бојмацалиев: Нема поголеми нарушувања или инциденти

Куманово, 24 април 2024 (МИА) - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска во Куманово информираше дека не се забележани поголеми нарушувања или инциденти од досегашниот тек на гласањето.

Тој нагласи дека МВР ги презема сите дејствија и граѓаните слободно го искажуваат правото на глас. Во изјавата за медиумите, тој изрази надеж дека до крајот на денот ќе се задржи тенденцијата на слободни и демократски избори и истакна дека доколку се појават одредени инциденти или нарушувања, македонската полиција ќе постапи, ќе бидат отстранети и гласачите  слободно да гласаат. 

- Од досегашните пријавени настани имаме еден настан пријавен за сликање на гласачко ливче, зборуваме на територијата на Република Северна Македонија каде што веќе дежурниот јавен обвинител е известен и постапува по тоа случување. 
Во Куманово имаме пријава за организирано носење на луѓе на гласачко место и таму македонската полиција постапува во содејство со јавниот обвинител. Сигурно сте информирани од страна на ДИК дека сите места не се отворени навреме, имаат проблем со фингерпринт уредите кои ги решаваат и гласањето продолжува понатаму. Се надевам дека како што почна  денот  убаво граѓаните гласаат слободно и демократски така ќе заврши изборниот ден, рече Бојмацалиев.

Тој го оставри  своето демократско право и гласаше на претседателските избори и потсети дека  изминатиот период ги посетил сите сектори за внатрешни работи, одделенија за  внатрешни работи.

- Разговаравме со колегите доколку имаше некои проблеми да ги отстраните за да денеска имаме мирен и безбеден гласачки ден. Впрочем  тоа го правиме континуирано од 2017 до денеска, рече  Бојмацалиев. ам/цр

Фото: МИА 

Остани поврзан