• среда, 27 ноември 2024

Бојмацалиев на увид во Кочани за подготвеноста пред гласањето на првиот круг од претседателските избори

Бојмацалиев на увид во Кочани за подготвеноста пред гласањето на првиот круг од претседателските избори

Кочани, 22 април 2024 (МИА) - Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и со државната секретарка Магдалена Несторовска, денеска го посетија Одделението за внатрешни работи во Кочани каде со раководството разговараа за безбедносната состојба и подготвеноста пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори.

-Констатиравме дека материјалите успешно се распоредени по гласачките места, МВР ги обезбедува со пешадиски и со мото патроли и досега немаме никакви индиции за нарушувања за денот на гласањето. Исто така, бев информиран дека се задоволителни резултатите за безбедносната состојба на територија и се во тенденција за подобрување, а полицијата ги извршува своите професионални задачи. Разговаравме и за тоа дека во парите за исплата на бонус плата се обезбедени и по завршување на изборите колегите ќе бидат исплатени. Тоа е нешто што редовно во правиме од 2017 година до денес, истакна Бојмацалиев.

На средбата се разговараше и за безбедноста во сообраќајот на патишата, особено по зголемениот број сообраќајни несреќи на експресниот пат Штип – Кочани, каде за краток период загинаа и неколку лица.

- Констатацијата е дека најчеста причина за тоа е неприлагодена брзина на учесниците во сообраќајот. Во оваа прилика би сакал да ги повикам граѓаните да ги почитуваат сообраќајните знаци, со што се заштитуваат себеси и своите најблиски, додаде Бојмацалиев.

Во врска со зачестениот број тешки кражби во приватни и јавни објекти на подрачјето на Кочани, дополнителнито заменик министер нагласи дека успешно се реализираат активности за разоткривање на сторителите, а случаите се проследуваат на натамошна законска постапка. та/сст/

Фото: МИА

 

Остани поврзан