• среда, 25 декември 2024

Бојмацалиев: Истите ресурси кои Спасовски ги создал ги користиме и денеска

Бојмацалиев: Истите ресурси кои Спасовски ги создал ги користиме и денеска

Скопје, 25 март 2024

 

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју во утринската програма на Клан ТВ беше запрашан за тоа дали некој некого опструира во МВР.

„Знаете, со доаѓањето на техничката влада се створи слика дека претходно  Спасовски ништо не направил со тоа, се почнало со Панче Тошковски, тој го решил проблемот иако тој велеше дека нема магично стапче. Тоа беше една лажна вест која се пласираше во јавноста дека нема обрасци, дека има хаос, дека некој некого опструира. Ме критикуваа дека ги пречекав обрасците на граничен премин Богородица, ама има многу луѓе на кои им ја поништив лажната вест дека нема обрасци. Имаше и ќе има. Тендерот кој го спроведуваме од 2019 е направен токму од Спасовски, овие лични карти се први кои денес ги добиваме од новиот тендер исто така спроведен од Спасовски. Никој никого не опструира. Ова секаде го кажувам, ние со Спасовски како тим водевме грижа за секоја работа”, рече Бојмацалиев, појаснувајќи дека и салата Пролет и денес функционира како и порано.

„Во август, септември кога луѓето не се појавуваа на термин, тогаш ја отворивме салата „Пролет”. Истата таа сала и денес функционира. Таа сала ако се сеќавате ја нарекуваа хангар, логор, не знам какви погрдни зборови. Ништо не сменија два месеци, продолжија во истата сала. Едните се констатациите кога сме надвор од системот, други се кога сме внатре, кога сме ние во системот се е добро, кога сме надвор ништо не чини, ама кога ќе влеземе внатре истите ресурси ќе ги користиме кои Спасовски ги направил, иако тој не водел грижа. Тоа се тие лажни вести, се трудам попластично да објаснам граѓаните да разберат. Истите ресурси, истите луѓе што Спасовски ги создал  ден денеска ги користиме и граѓаните добиваат услуга. Овие 400.000 обрасци од саботата се во магацините на МВР. Тоа е континуирана испорака во нормални услови ќе кажам не сме соопштувале, но во време на лажни вести одлучив дека секоја нарачка ќе ја соопштуваме во јавноста граѓаните да знаат дека МВР работи бидејќи имаме изграден систем”, рече Бојмацалиев.

Бојмацалиев: Полиција со најмал рејтинг во 2016, а во времето на Спасовски во топ три институции


Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за утринската програма на КЛАН ТВ беше запрашан за концетптот Едно општество за сите и концептот МВР за граѓаните.

 „Во 2016та кога дојдовме со тие избори тргнавме со пораката Едно општество за сите. И добро е што таа порака Едно општество за сите од Куманово до Гевгелија секаде се спроведува. Бидејќи јас доаѓам од Куманово и без таа порака во Куманово секогаш сме биле и ќе бидеме едно општество за сите. Живееме и имаме одличен соживот, но добро е што таа порака и во Гевгелија и во Струмица каде што се 99 посто етнички македонци ја прифатија и таа порака функционира”, рече Бојмацалиев, појаснувајќи ги двата концепта Едно општество за сите и МВР за граѓаните.

„Со релаксација на општеството дека сите сме исти и еднакви следствено беше да имаме и втора порака од иснтитуцијата од која јас доаѓам. Таа иснтитуција беше затворена, насочена спрема одредени етнички групи, викаа да ги влечеме за уши, да не спомнуваме и натаму што и како да прават. Во тоа време, јас како дел од кабинетот на министерот Спасовски решивме да излеземе со еден слоган, кој нема да е само декларативно, туку и на терен – МВР за ГРАЃАНИТЕ. Ако ги погледнеме анкетите, во 2016 полицијата со најмал рејтинг и ако погледнеме до декември, истиот министер на таа позиција МВР е во топ три институции, по транспарентност и по доверба кај граѓаните. Тоа е дека концептот МВР за ГРАЃАНИТЕ успешен, граѓаните ја препознаваат полицијата како свој пријател и заштитник, а не полиција која ќе тепа студенти во библиотека или на улица без причина, само да спроведува партиска агенда. Мислам дека во тој процес успеавме и во едно општество за сите и во мвр за граѓаните, за тие два концепта ќе се борам до последниот ден. Затоа што доаѓам од Куманово  од МВР, тие ми се два клучни моменти кои мораат да останат би рекол живи, затоа што тој бит во општеството треба да се движи заедно и да се чувстуваме безбедно”, појасни Бојмацалиев.

 

Бојмацалиев: Границите се безбедни, со помош од ЕУ и САД користиме специјални возила, боди камери, за скоро и дронови

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во интервју за утринската програма на Клан ТВ беше запрашан за безбедноста на границите.

„Сакам да демантирам за безбедноста на границите, да немаат граѓаните перцепција дека никој ништо не прави, слично како со управните служби. Јас имам свој концепт на работа, но кога се јавуваат лажни вести сакам со факти и аргументи да ги побијам”, рече Бојмацалиев. Притоа, тој беше дециден дека границите се безбедни и потенцираше дека се користи дигитална опрема во зачувување на безбедноста на границите.

„Со помош на ЕУ и стратешките партнери САД и со буџетот на МВР имаме 11 специјални возила. Сите полицајци на гранични премини имаат боди камери. Имаме камери кои се во полициските станици на граничните појаси, при движење веднаш фотографираат и праќат слика. Во процес сме на испорачување на 8 дрона, како новина во технологијата, со кои ќе го штитиме зелениот појас”, рече Бојмацалиев.

Министерство за внатрешни работи

Фото: МВР

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан