Бојковска: Продолжуваме со носење закони кои стимулираат економско зајакнување и подобрување на животниот стандард
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 14 февруари 2025
Интегрален текст од изјава за медиуми – Драгана Бојковска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Продолжуваме со носење закони кои стимулираат економско зајакнување и подобрување на животниот стандард, како и подобрувањето на стопанската и бизнис клима.
Со измените на Законот за банки, направивме исклучително важен чекор за зајакнување на нашиот финансиски систем како и унапредување на финансиските услуги.
Со овој закон, ставаме посебен акцент на проширување на активностите на штедилниците, што ќе донесе низа предности за нашите граѓани и правни лица.
За првпат, штедилниците ќе можат - Да прибираат депозити од правни лица, но и да продаваат полиси за осигурување.
Зголемената конкуренција на финансискиот пазар ќе значи стимулирање за намалувањето на цените на финансиските услуги, како и понуда на поквалитетни услуги од финансиските институции за граѓаните и стопанството.
Пониски провизии и поволни каматни стапки.
Ова е клучна реформа бидејќи создаваме услови за поголема поддршка на малите бизниси.
Капиталот од штедните влогови да се насочи кон малите и средни претпријатија, земјоделците и индивидуалните претприемачи.
Создаваме зголемена достапност на различни финансиски услуги, особено за ранливите категории на граѓани, како и поголема финансиска стабилност и зголемена отпорност на економските шокови.
Со ова покажуваме дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата има јасна визија за финансиски напредок и зајакнување на довербата во нашиот финансиски систем.
Со поддршка на овој закон, заедно создаваме финансиски систем кој ќе биде транспарентен, достапен и прилагоден на потребите на граѓаните, стопанството и целиот економски систем.
Интегрален текст од изјава за медиуми – Јане Мицевски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, стопанството, компаниите и економскиот систем.
Една од клучните одредби на промената на Законот за поштенски услуги е намалување на примањата на членовите во Комисијата на Агенцијата за пошти, од две, на една просечна месечна плата, што преставува намалување на паушалот за цели 50%.
Оваа мерка е во согласност со нашите напори за домаќинско и праведно распределување на буџетските средства.
Оваа постапка на Собранието не е изолирана. Таа е само дел од поширок процес, во кој исто така го намаливме бројот на државни функционери за над 60 функции, но и ги намаливме платите на избраните и именуваните функционери, се со цел да осигуриме дека државните средства се распределуваат поефикасно, а со тоа и да се зголемат платите на работниците во јавниот и приватниот сектор.
Чекор кон по еднакво и по праведно општество.
Во поширок контекст на економските реформи и подобрувањата кои ги спроведуваме, важно е да се истакне и значајната улога на евтините средства кон стопанството, рекордното ниво на странски директни инвестиции и силната реализација на капитални инвестиции, кој служат како финансиска инјекција во реалната економија, односно приватниот сектор.
Овие средства ќе бидат искористени за проекти кои очекуваме силно да влијаат на економскиот раст и подобрување на животот на граѓаните, преку поддршка на мали и средни претпријатија, но и реализација на проекти кои ќе бидат додадена вредност на македонската економија.
Како парламентарно мнозинство остануваме посветени кон носење на законските решенија кои ќе гарантираат силна економија и подобар животен стандард.
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.