Бошњачки демократски сојуз ја промовираше својата програма во Општина Петровец
- Претседателот на Бошњачки демократски сојуз (БДС), Мунир Колашинац, кој е и кандидат за градоначалник на Скопје и Џевад Хот, носител на советничката листа за општина Чаир, ја посетија општина
Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на Бошњачки демократски сојуз (БДС), Мунир Колашинац, кој е и кандидат за градоначалник на Скопје и Џевад Хот, носител на советничката листа за општина Чаир, ја посетија општина Петровец, односно населените места во кои живеат Бошњаците.
Како што соопшти денеска БДС, Колашинац ги повика Бошњаците и граѓаните од општината Петровец да ја поддржат советничката листа на БДС, односно да гласаат за бројот 23 со цел да ги изберат своите советници во оваа општина.
За време на посетата, се одржа состанок на кој присуствуваа Шеќо Личина, носител на советничката листа, членови на советничката листа за општина Петровец и Бошњаците од општина Петровец. мд/дма/