• среда, 20 ноември 2024

Бочварски учесник на Втората конференција за одржлив транспорт под покровителство на Обединетите нации

Бочварски учесник на Втората конференција за одржлив транспорт под покровителство на Обединетите нации
Скопје, 15 октомври 2021 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска учествуваше на Втората конференција за одржлив транспорт што се одржи онлајн, во организација на Владата на НР Кина, а под покровителство на Обединетите нации, на која се дебатирало за предизвиците и решенијата за постигнување на одржлив транспорт и постигнување на целите на Агендата за одржлив развој 2030 и Парискиот договор за климатските промени. - Република Северна Македонија ја потпиша Агендата 2030 за одржлив развој во 2015 година и ја потврди посветеноста за нејзино спроведување. Со тоа, Владата на Република Северна Македонија ја промовира регионалната соработка преку развој и модернизација на транспортната инфраструктура на земјите, заедно со проширувањето на Трансевропската транспортна мрежа што минува низ земјата, соопштија од Министерството за транспорт и врски. Оттаму наведоа дека во рамките на Стратегијата за одржлива и паметна мобилност на транспортната заедница Република Северна Македонија, како дел од Западен Балкан, развива насоки за промоција на зелен транспорт и имплементација на Зелената агенда на ЕУ, како и цели за стратегија за одржлива и паметна мобилност. см/сп/

Остани поврзан