• среда, 27 ноември 2024

Бочварски: Изградбата на браната на Отиња тече непречено

Бочварски: Изградбата на браната на Отиња тече непречено
Свети Николе, 25 октомври 2022 (МИА) -  Браната на река Отиња во Штип е изградена околу 30 проценти, информира денеска  министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. -Работите течат непречено, добро е и што во овој период од годината имаме се уште можност за доста добар прогрес на работите во делот на градежните работи и се додека временските услови не послужат, ние ќе продолжиме и во оваа календарска година, изјави Бочварски, при посетата на Свети Николе. Посочи дека сите операции кои следуваат за изградба на браната во делот на опточниот цевковод и на насипот ќе течат согласно динамичниот план. Прашан за субвенциите за поставување фотоволтаици на кровните конструкции на домовите на граѓаните, Бочварски со одговор дека за ова надлежно е Министерството за економија, кое веќе подготвува повик, а за којшто транспарентно и јавно ќе ја информираат јавноста. -Она коешто беше работа на Министерството за транспорт и врски, ние го завршивме со законските измени и регионално гледано имаме најлесни процедури за поставување на фотоволтаични централи, вели Бочварски. Посочи дека веќе се разбработуваат и други модели за поставување на фотоволтаични централи, со цел граѓаните да го искористат максимумот, односно да се искористи сончевата енергија во услови на енергетска криза. вдј/лв/

Остани поврзан