• понеделник, 23 декември 2024

Ботас: Едногодишен договор со Мерцедес не е она што го сакам или ми треба

Ботас: Едногодишен договор со Мерцедес не е она што го сакам или ми треба

Лондон, 11 јули 2024 (МИА) - Возачот на Заубер, Валтери Ботас изјави дека бара долгорочен проект од сезоната 2025 година, па затоа не е заинтересиран да се пресели во Мерцедес за да го замени Луис Хамилтон.

- Да заземам позиција една година не е она што го сакам или ми треба. Следната година ми треба нешто повеќегодишно, јасен план за годините што претстојат и заедничка работа во овој период. Тоа е она што ми треба - добар предизвик и јасен план. Ако потпишам само на една сезона, тогаш се ќе се врати околу тој момент. Јас и Тото Волф сме добри пријатели, па секако разговаравме за се. Би било одлично да бидам побезбеден, но секогаш знаев дека кога го потпишав договорот со Заубер, за три години ситуацијата ќе се повтори. На крајот на денот, ако тимот се промени, тоа е исто така возбудливо. Задоволен сум од ситуацијата, интересна е, но сакам брзо да ја решам. Тогаш ќе бидам уште посреќен“, истакна Финецот.

Во досегашната 12-годишна Формула 1 кариера, Ботас има настапувано за Вилијамс, Мерцедес, Алфа Ромео и Заубер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан