Бостон ги победи Клиперс и ја продолжи победничката серија на шест натпревари
- Бостон селтикс ноќеска на домашен терен ги победи Лос Анџелес клиперс со резултат 126:94 во натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата.
![Бостон ги победи Клиперс и ја продолжи победничката серија на шест натпревари](https://mia.mk/index.php/images/20241126075842_big_730x400_34.webp )
Бостон, 26 ноември 2024 (МИА) - Бостон селтикс ноќеска на домашен терен ги победи Лос Анџелес клиперс со резултат 126:94 во натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата.
Најефикасен на паркетот беше гостинскиот центар Ивица Зубац, кој постигна 23 поени и забележа 10 скока. Кај домаќините Пејтон Причард и напаѓачот Џејсон Тејтум дадоа по 20 поени.
Бостон ја продолжи победничката серија на шест натпревари и е на второто место во Источната конференција со 15 победи.
Клиперси се на седмото место со 11 победи. зс/
Фото: ЕПА