• понеделник, 16 јуни 2025

Босна ја освои титулата во АБА 2

Босна ја освои титулата во АБА 2

 

Сараево, 14 мај 2025 (МИА) – Кошаркарите на Босна ја освоија шампионската титула во АБА 2 лигата, откако вечерва во решавачкиот, трет натпревар од финалната плејоф серија ја победија Илирија со 88:74 (13:10, 25:22, 25:25, 25:17) на домашен терен во Сараево.

Босна ја доби финалната серија со вкупен резултат од 2:1, а со освојувањето на титулата обезбеди пласман во АБА лигата, во која ќе игра следната сезона.

За најкорисен играч (МВП) на финалето беше избран кошаркарот на Босна, Џерод Вест.

Во својата историја, Босна три пати беше шампион на поранешна Југославија, а во 1979 година беше и европски шампион. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан