• петок, 05 декември 2025

Босна и Херцеговина пропушти шанса за директен пласман на СП 2026

Босна и Херцеговина пропушти шанса за директен пласман на СП 2026

Виена, 18 ноември 2025 (МИА) - Австрија ремизираше 1:1 со Босна и Херцеговина вечерва во Виена во квалификациски натпревар за пласман на Светското фудбалско првенство 2026.

Босанците ги делеа петнаесеттина минути од директно учество на следниот Мундијал, бидејќи на стадионот „Ернст Хапел“ имаа водство до 77.минута.

Харис Табаковиќ го отвори резултатот во 12. минута. Домаќините израмнија преку резервниот играч Михаел Грегорич.

Австрија освои 19 бода и заврши прва во Групата Х. Босна заврши втора (17 бода) и ќе игра во плејофот за место на Светското првенство во 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан