Борче Стаменов-„Донирај компјутер“, Противпожарната, судијата Нанев и „Дрекслмаер“ - добитници на награда „7 Септември“
- Советот на општина Кавадарци денеска едногласно одлучи кои субјекти ќе ја добијат наградата „7 Септември“ по повод денот на ослободувањето на градот.
Кавадарци, 27 август 2021 (МИА) - Советот на општина Кавадарци денеска едногласно одлучи кои субјекти ќе ја добијат наградата „7 Септември“ по повод денот на ослободувањето на градот.
-Борче Стаменов ја добива наградата за особен придонес во областа на хуманоста за лицата изложени на социјален ризик. Територијалната противпожарна единица за придонес во заштитата и унапредување на животната средина и природа. Лазар Нанев за придонес во областа на науката и публицистиката. За особен придонес во стопанството, фабриката „Дрекслмаер“, појасни Виолета Димитрова, претседател на Комисија за мандатни прашања и именувања и манифестации. свд/мд/