• сабота, 06 декември 2025

Борусија не планира да го отпушти Ковач по високиот пораз во Лигата на шампионите

Борусија не планира да го отпушти Ковач по високиот  пораз во Лигата на шампионите

Дортмунд, 10 април 2025 (МИА) - Борусија Дортмунд донесе одлука за иднината на тренерот Нико Ковач по катастрофалниот пораз од Барселона (0:4) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Како што пренесува „Todofichajes“, 53-годишниот фудбалски стручњак ќе продолжи да биде тренер на тимот. Раководството на клубот ја задржува довербата во тренерот и покрај лошите резултати оваа сезона.

Хрватот ја презеде функцијата менаџер на Борусија во јануари оваа година. Неговиот договор со бундеслигашот е до крајот на јуни 2026 година.

Реваншот против Барселона германскиот тим ќе го игра на домашен терен на 15 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан