• понеделник, 23 декември 2024

Борусија Дортмунд прв финалист во Лигата на шампиони

Борусија Дортмунд прв финалист во Лигата на шампиони

 

Париз, 7 мај 2024 (МИА) – Фудбалерите на Борусија Дортмунд се пласираа во финалето на Лигата на шампиони, откако вечерва триумфираа во Париз над ПСЖ со 1-0 (0-0) и со вкупен резултат од 2-0 го елиминираа францускиот првак во првата полуфиналната пресметка.

Победата на Борусија на реваншот ја донесе ветеранот Матс Хумелс во 50 минута.

Фудбалерите на ПСЖ дури четири пати ја погодуваа рамката на голот на Борусија, но претрпеа елиминација без постигнат гол во двете пресметки со германскиот тим.

За Борусија ова е прво финале во Лигата на шампиони по пауза од 11 години

Дуелот за трофејот на 1 јуни на „Вембли“ во Лондон може да донесе германско финале доколку Баерн Минхен успее утревечер да го елиминира Реал Мадрид.

Првиот натпревар во Минхен заврши нерешено 2-2. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан