• сабота, 05 октомври 2024

Борусија Дортмунд еден месец без повредениот Адејеми

Борусија Дортмунд еден месец без повредениот Адејеми


Дортмунд, 4 октомври 2024 (МИА) – Карим Адејеми, кој постигна хет-трик во убедливата победа на Борусија Дортмунд од 7-1 против Селтик во Лигата на шампиони ќе биде надвор од теренот три до четири недели поради повреда.
Германските медиуми објавија дека станува збор за повреда на бутниот мускул, но сè уште не ја потврди природата на повредата на напаѓачот.
Според сите проценки, Адејеми сигурно ќе го пропушти саботниот натпревар во Бундеслигата на гостински терен против Унион Берлин, како и дуелот закажан за 18 октомври, по репрезентативната пауза, во кој Борусија ќе го пречека Ст. Паули.
Поради слична повреда, Адејеми веќе двапати мораше да паузира, а тоа беше во сезоната 2022/2023. Во случајот со првата повреда тој не беше на теренот еден месец, а во повторениот случај отсуствуваше два месеци. ег

ФОТО: Фејсбук

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан