• сабота, 21 декември 2024

Борис Џонсон најави масовно тестирање во Велика Британија

Борис Џонсон најави масовно тестирање во Велика Британија
Лондон, 9 септември 2020 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон се заложи за масовно тестирање за коронавирус на граѓаните во Велика Британија со цел да им се овозможи на луѓето „да водат понормален живот“ до следната пролет, а тој ги оцени напорите на владата кон таа цел како „голем чекор напред“. Џонсон на прес-конференција рече дека сака побрзо и полесно тестирање низ Велика Британија, што според него ќе им овозможи повторно отворање на киносалите и театрите. Британскиот премиер најави дека новата шема на масовно тестирање ќе започне следниот месец, прво на северот на Англија. - Работиме и ќе работиме континуирано додека не ја постигнеме целта. Се надеваме дека до следната пролет, новата шема ќе биде спроведена низ целата земја, рече Џонсон. ссм/

Остани поврзан