• вторник, 24 декември 2024

Борисов: Ние кажавме кои се нашите услови за ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија

Борисов: Ние кажавме кои се нашите услови за ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија
Софија, 6 мај 2020 (МИА) - Ние кажавме кои се нашите услови за Република Северна Македонија да биде примена во Европската унија, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на министерскиот совет вечерва по Самиот ЕУ-Западен Балкан, пренесува БГНЕС. Борисов потсетил дека Бугарија прва не поддржа за НАТО, додавајќи: - Што да им кажеме на крајот, дека сме Македонци? Ние ги сакаме, ги почитуваме и би им дал најбратски совет - да не си поставуваат невозможни услови, рекол Борисов, пренесува БГНЕС. Најпријателски, посочил Борисов, им кажуваме да се држат до тој пат. аа/дма/

Остани поврзан