• среда, 25 декември 2024

Борисов: Трифонов всушност не сака да формира влада

Борисов: Трифонов всушност не сака да формира влада
Софија, 12 јули 2021 (МИА) - Денешната изјава на Слави Трифонов за малцинска влада значи дека тој не сака да формира влада, изјави поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на брифинг во седиштето на ГЕРБ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов истакна дека желбата на Трифонов е „фралање прашина во очите на луѓето“. Според Борисов тоа е игра на на бугарскиот претседател Румен Радев, кој сака да владее со Бугарија. Борисов наведе дека ГЕРБ победи во 16 области, Има таков народ во осум области. Според Борисов, 70 проценти од бугарските граѓани се исплашени и не сакале да гласаат поради апсењата и манипулациите со гласачките машини. нк/ми/

Остани поврзан