Борец и Работнички ремизираа на отворањето на седмото прволигашко коло
- Нерешено без голови (0:0) заврши денешниот натпревар во Велес меѓу Борец и Работнички на отворањето на 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Велес, 26 септември 2020 (МИА) – Нерешено без голови (0:0) заврши денешниот натпревар во Велес меѓу Борец и Работнички на отворањето на 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Во пресрет на другите средби од седмата рунда, Борец со 12 бода се искачи на 3. место, Работнички е 5-ти со 10 бода.
Утре играат:
Академија Пандев – Силекс
Пелистер – Шкендија
Ренова – Македонија ЃП
Струга Трим Лум – Шкупи
Вардар – Беласица. зс/