• вторник, 17 декември 2024

Борел: ЕУ да ги активира воените сили за брза реакција

Борел: ЕУ да ги активира воените сили за брза реакција
Брисел, 2 септември 2021 (МИА) - Хаотичното повлекување на Западот од Авганистан најверојатно ќе биде поттик за обидите на Европска Унија да развие сопствена заедничка одбрана, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел. Тој додаде дека дел од тоа може да бидат силите за брза реакција. - Понекогаш има настани што се двигатели на историјата, што создаваат напредок, и мислам дека Авганистан е еден од тие случаи, истакна Борел во пресрет на вториот ден од Бледскиот стратешки форум. Тој апелираше европските „сили за брза реакција“, составени од 5.000 војници, да ги заменат борбените групи на ЕУ, формирани во 2007 година, но никогаш не биле активирани. - Мораме да бараме нешто пооперативно.Потребата за поголема, посилна одбрана на Европа е поочигледна од кога било, нагласи Борел додавајќи дека очекува планот да биде готов во октомври или ноември. ми/

Остани поврзан