• среда, 20 ноември 2024

Борел: Ескалацијата продолжува и станува опасна, нема тоа да го толерираме

Борел: Ескалацијата продолжува и станува опасна, нема тоа да го толерираме

 

Белград, 23 јуни 2023 (МИА) - Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел изјави дека и покрај вчерашната кризна средба во Брисел, ескалацијата на северот на Косово продолжува и станува опасна и да нема тоа да се толерира, јави дописникот на МИА од Белград.

-Многу сме вознемирени од ситуацијата на северот на Косово: Апсења на Срби, маршот на Косовските безбедносни сили во јужна Митровица, проследен со тешка реторика од Србија, напиша Борел на својот Твитер налог.

Борел по одвоените средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премеир Албин Курти вчера во Брисел изјави дека произволните и незаконски апсења се неприфатливи и истакна дека ЕУЛЕКС ќе почне посилно да ја следи ситуацијата.

Тој повика на темелна истрага и проценка на апсењатат, како и да се преземат соодветни дејствија потоа.

-Му повторив и на Вучиќ дека тројцата косовски полицајци кои беа уапсени во Србија мора веднаш и безусловно да бидат ослободени, рече Борел.

об

Остани поврзан