• понеделник, 23 декември 2024

Борел: Верувам дека наскоро ќе биде постигнат нуклеарен договор со Иран

Борел: Верувам дека наскоро ќе биде постигнат нуклеарен договор со Иран
Брисел, 26 март 2022 (МИА) -  Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел денеска изјави дека Иран и светските сили се „многу блиску“ до договор за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година, кој ќе ја ограничи нуклеарната програма на Техеран во замена за укинување на строгите санкции. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од договорот од 2018 година, што го натера Техеран да почне да ги крши нуклеарните ограничувања околу една година подоцна, а единаесетмесечните разговори за заживување беа прекинати во Виена на почетокот на овој месец, откако Русија изнесе нова пречка. Русија подоцна појасни дека добила писмени гаранции дека ќе може да ја заврши својата работа како страна во договорот, сугерирајќи дека Москва би можела да овозможи негово заживување. - Сега сме многу блиску до договор за спогодба и се надевам дека тоа ќе биде можно, рече Борел на меѓународната конференција на Доха Форумот. Борел подоцна им рече на новинарите дека верува оти договор може да биде постигнат „за неколку дена“. Неуспехот да се обнови пактот може да доведе до ризик од регионална војна или да резултира со поостри санкции од Западот кон Иран, како и континуиран притисок врз светските цени на нафтата, кои се веќе високи поради конфликтот во Украина, велат аналитичарите. ссм/

Остани поврзан