• сабота, 23 ноември 2024

Борел: Белград и Приштина постигнаа договор за документите

Борел: Белград и Приштина постигнаа договор за документите
Брисел, 27 март (МИА) - Србија се согласи да го укине издавањето влезно-излезни документи за лицата кои имаат косовски лични документи, а Косово се согласи да не ги воведува за оние кои имаат српски лични карти, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Борел на Твитер наведе дека е „постигнат договор“ во преговорите меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ. „Косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија, користејќи ги нивните лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од (косовскиот) премиер Албин Курти за ова“, рече Борел. Тој додаде дека тоа е „европско решение“ и им честиташе на Курти и на претседателот на Србија Александар Вучиќ. „Им честитаме на двајцата лидери за оваа одлука и за нивното водство“, додаде Борел. паг/  

Остани поврзан