• вторник, 24 декември 2024

Бонучи стави крај на кариерата

Бонучи стави крај на кариерата


Истанбул, 26 мај 2024 (МИА) – Легендарниот 37-годишен италијански фудбалер Леонардо Бонучи одлучи да стави крај на својата кариера.
Последната сезона од кариерата Бонучи ја мина во Берлин Унион, а потоа и во турски Фенербахче.
Дефанзивецот, кој со Италија стана европски првак во 2021 година, сезонава одигра 12 натпревари за турскиот прволигаш, а од крајот на февруари имаше проблеми со повредите.
Бонучи најголемиот дел од кариерата го помина во Италија, најдолго во Јувентус, со кој освои шест последователни првенствени титули во периодот од 2012 до 2017 година. Сезона 2017/18. Ја помина во Милан, а потоа се врати во Јувентус, со кого освои уште две првенствени титули. Пет пати го освојуваше и Купот на Италија.
Во Серија А одигра 431 натпревари, а за италијанската репрезентација одигра 121 натпревар. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан