Бонучи сака да игра во ист тим со Ибрахимовиќ
- Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи изрази желба да игра во иста екипа со Златан Ибрахимовиќ. Триесет и осумгодишниот Швеѓанец моментно ги брани на Милан.
Милано, 7 јуни 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи изрази желба да игра во иста екипа со Златан Ибрахимовиќ. Триесет и осумгодишниот Швеѓанец моментно ги брани на Милан.
- Одличните играчи делуваат на вас болно кога ќе изгубите концентрација. Ова го почувствував на тренинзи со Роналдо, Дибала, Игуаин, Даглас Коста. Штом не сте 100 проценти фокусирани, тие ве уништуваат. Би сакал да играм со Ибрахимовиќ. Тој е вистински водач, тој има силен карактер. Би било убаво да го сретнете на тренинг, истакна Бонучи.
Можеби изгледа тежок, но тој е добар човек. Фудбалерите кои имаат карактер кои секогаш се насочени кон победа, ви даваат добар поттик. Ова е она што го барам секогаш - поттик за напредок, додаде Бонучи. зс/